About

Зима на Скопска Црна Гора 3/7

Panta rei, се тече, се се движи, се се менува. И, ете не дојдовме до крајот на годината. Иако се движиме по иста патека, сите ние, некој се сменил, а некој не. Оставаме се зад себе и се нека стои во старата година, таму му е местото на искуството со кое се здобивме во 2017 г. А во Новата Година, ќе го понесеме само она што го извлековме како ука, она позитивното. Со научена лекција од годината, како некој ат, следејќи ја Боки, “трчавме” кон Спирова колба, по патеката на Три чешми. Овој пат, никој за себе не носи закуска, туку Ѓорѓи, Злате, Срѓан, Боге, Здраве носеа закуска за сите, како за нас така и за гостите. А, останатите ги бодревме со насмевки. Само што се искачивме по патеката, видовме дим, чури оџакот на Спирова колиба. А таа пука, не пука од ништо друго, туку пука од топлина. Таму не чекаа Драгец, Тихо, Веле, Нолче,со топло чајче, греено вино, кафе, како почеток на Новогодишната забава. А, во белината околу Спирова Колиба, се слушна глас, глас на славеј. Тоа не е никој друг туку нашата драга Цаци. И, се запеа песна, се заигра оро, почна забавата. Песна, оро, кое не развесели и така весели не спушти повторно по патеката на Три Чешми. Благодарност до гостите, кои не разубавија со нивната ведрина и со вербата во нас. На крајот, сме подготвени за Новата Година, со предизвиците кои ги носи. Ние ги прифаќаме, а Вас останатите Ве очекуваме да дојдете со нас, да ги исрцтаме заедно. Секој различен, секој единствен, тоа е Убавината на ПСК Скопска Црна Гора. А, јас, драги мои, ќе речам, празници се ближат, а веќе за некому се дојдени, СРЕЌЕН БОЖИЌ 

текст-Слаѓана 
фото-Ѓорѓи

Зима на Скопска Црна Гора 2/7

Втора од седумте планинарски акции Зима на скопска овој пат искачување на врвот Пржар по Спирова патека. Дождливо и магловито утро ,впрочем како и цела измината недела, но тоа не не поколеба да се собереме во голем број и да се упатиме кон Спирова колиба и врвот Пржар.Како наближивме кај селото Бродец се отвори времето и се појави прекрасен видик кон Водно и крстот кој само тој ѕиркаше како да е на пуст остров сред морето од облаци. По кратка пауза во Бродец продолживме кон Спирова колиба , и веќе од далеку во воздухот се чуствуваше мирисот на топол планински чај припремен од вредните раце на нашите домаќинки.Овој пат имавме и греано вино за кое се погрижи спонзорот на оваа акција винарија Тиквеш. Со убаво друштво и со добро расположение времето брзо помина но тука не завршуваме. Наскоро организираме трета предновогодишна акција ЗИМА НА СКОПСКА. 
Фото-Ѓорѓи
Слики од турата

Зима на Скопска Црна Гора 1/7

Прва од седумте, прва од седумте планински патешествија на Зима на Скопска, Патека на Костените.

Дојдени од секој крај, во магливо утро, кое те погалува сосема нежно како што се издига во височините. Испреплетени меѓусебе, се препознавме по планинарскте стапчиња, по планинарските чевли.


Барајќи костени, слушаш жубор на вода, која те пренесува до месноста Говедарник. А, оттаму наѕира  Црн Камен, врв каде ја ослободуваш секоја честитка од радост. Врв, кој не познава стари, млади, туку само храбри планинари, кои го освоиле,  токму  ден пред Ослободувањето на Скопје.

Скопје, иако те гледаме во сиви облаци, сепак те сакаме!  Радост ти ни будиш!

Се симнавме до Спирова колиба, таму веќе е топло, огинот гори, се грееше чајче, се вареше кафе. Секој кој што има, кој што донел, кој што нашол попат (костени), споделува, споделува по некое залаче, споделува по некој топол збор. А планинарската куќа е осветлена, и се прашуваш дали е тоа е од сончевите зраци  или од дрвата кои горат. Не, тоа е од топлината на гостите, од чија топлина душата ти е стоплена.

Но, тука не завршува нашата приказна, продолжува по патеката Три чешми. Пешачиш надоле, поминуваш една ешма, друга чешма, трета чешма, наполнуваш изворска вода,  но не ја гаси жедта за планина, туку те повикува повторно да дојдеш на Зима на Скопска.

 Ви благодариме на сите што дозволивте да ја споделите Вашата планинарска радост со нас, на Зима на Скопска !

И, се  гледаме на 2/7 на Зима на Скопска !

Teкст: Слаѓана Фотографија: Ѓорги 

Пелистер 2601 мнв

ПСК Скопска црна гора на ден 14.05.2017 г по прекрасно време со добра дружба го искачи врвот Пелистер 2601 мнв а на врќање прошетавме по Широк сокак и се освеживме со ладна бира и убаво кафе.

Слики од турата.

Врв Раса 1369 мнв

После убавата авантура во Полска малку на рекреативна тура на врв Раса. Турата беше средно тешка, но поради компактноста на групата сите успешно го искачивме врвот. Времето не беше во наша корист но и покрај тоа турата помина одлично.

Слики од турата

Високи Татри - Полска

Високи Татри – што да се каже освен едно прекрасно доживување со добро друштво. Да почнеме со ред.Скопје 17.30 поаѓање од транспортен центар.Се движиме кон Србија поминуваме граница и обавезно пауза во Предејане со вкусни лепињи со кајмак,плескавица со кајмак или чорба.Ноќно возење преку Белград не разденува во Унгарија.Ја поминуваме Будимпешта се движиме кон Словачка до првата дестинација Бањска Бистрица каде правиме пауза од 3 часа за разгледување на градот,шопинг во мол Европа,пиење кафе, пиво и ручек.околу 16 часот поаѓање кон Полска преку Татранска котлина и живописната Татранска јаворина до Глизаров горни каде и се сместивме. 30.04.2017година 8.00 ч договор со пл.водич Станислав од Полска околу искачувањето на Татрите.Од негова страна бевме предупредени дека има многу нов снег и има опасност од лавини за што се уверивме и на лице место .Старт на турата во 8.30 од местото Брзезини на 1000 мнв.Уште од старт снег.После изминати 7.5 км низ борова шума пристигнуваме до домот Муровањец на 1500 мнв каде правиме пауза од 30 мин.Тука не известуваат за три нови лавини баш на патеката за движење према врвот Свиница.Поаѓаме кон Црно езеро 1630 мнв каде после изминати 2.5 км со слаби врнежи од снег по тесна патека и доста снег стигнуваме кај езерото кое е целосно замрзнато и покриено со длабок снег.Тука ја прекинуваме турата заради лавините и после кратка пауза за сликање и уживање се враќаме кон домот.Од домот се симнуваме по друга патека кон градот Закопане.Вкупно поминати околу 19 км.Вечерта во хотелот домаќините не пречекаа со прекрасна вечера и направивме добра журка. Утрото на 1 мај тргнавме за назад со попатно застанување во Будимпешта каде уживавме во прекрасните погледи на градот од Цитаделата. Следниот пат сигурно сме на врвот. Благодарност до ТА СКОБУЛ-Скоје за успешно реализираната тура до Полска.

Повелете на петта јубилејна дружба на Скопска


Има една планина, Скопска Црна Гора се вика. Се издига над прекрасната Скопска Котлина и го прегрнува возвишеното Црногорије. Највисок врв и е Рамно со 1.651 метри надморска височина. Планината зборува сама за себе со неприкосновените убавини што ги крие, а сите неуморни планинари и ентузијасти заедно можат да ги откријат на 23.4.2017 година. Петта пролет на Скопска. Повелете.

Перен 1326 мнв до водопадот кај Длaбочица.

ПСК Скопска црна гора на гости на планинарскиот поход во организација на ЗПЗП Козјак 2013 од Куманово од село Арбанашко преку врвот Перен 1326 мнв до водопадот кај Длaбочица.

Водопадот кај Длaбочица

Слики од турата

Петти јубилеј на ПСК Скопска Црна Гора

На 18.03.2017 г во просториите на свечената сала во општина Бутел нашиот клуб ПСК Скоска црна гора го прослави својот мал јубилеј 5 години од оснивањето.Благодарност до сите што не почестија со своето присуство.

Слики од настанот

Врв Лисец - 1527 мнв - 05.02.2017



Осоговска идила на убавиот Лисец

Оставајќи го тмурниот ден во градот се упативме кон селото Псача во Општина Ранковце, околина на Крива Паланка. Уште при првиот чекор дождот ни излезе во пресрет и престана да врне а веќе на вториот километар од искачувањето не` поздрави утринското сонце. Опкружени со високи шуми и живописни глетки, уживавме чекорејќи по средно тешката патека. На врвот висок 1527 м.н.в. не` пречека светлото сонце придружено од убавите памучни облаци кои ги раздвижуваше слабиот ветер. Ја посетивме и црквата св. Злата Мегленска која се наоѓа на самиот врв. Сонцето не престана силно да свети па така и ние подолго се дружевме и уживавме на врвот.  Придружени од ПД Куманово и Калин Камен по прекрасната тура се упативме во локалната коперација со што среќно ја завршивме дружбата за оваа недела.

Слики од турата

Син врв - 2550 мнв - 29.01.2017

Ден 29.01.2017 Прекрасната Шар планина не пречека со сиот свој зимски раскош кој секој планинар и љубител на планината би го посакал.Клубско искачување на 40 планинари до Син врв 2550 мнв по прекрасен сончев студен ден,а дел рекреативно по патот према Плат. И после убаво поминатата тура имавме весела забава во планинарскиот дом Смрека.
Слики од турата   








Црн камен - 1585 мнв - 22.01.2017

Пекрасна снежна тура на Скопска со искачување на врвот Црн камен 1585 мнв заедно со пријателите од ПСД Макпетрол. Фото - Ѓорѓи Петровски - Петар Герасимов

Слики од турата

Врв Пржар - 1626 мнв - 15.01.2017.


Прекрасна зимска тура на Скопска црна гора со искачување на врвот Пржар 1626 мнв заедно со гостите од ПК Бистра - Скопје и гостите од ПД Куманово од Куманово.

Упис на нови членови за 2017

ПСК Скопска црна гора врши упис на нови членови во клубот. Член на клубот може да биде секој граѓанин на Р.Македонија, љубител на природата и планината. Нашиот клуб е член на ФПСМ а во склоп на нашиот клуб имаме лиценцирани водичи за водење во планина и се организираат предавања и практична настава со што новите членови можат да се стекнат со нови знаења.
Доколку сте за членство во планинарски клуб вашиот избор нека биде ПСК Скоска црна гора.
Контакт телефон 070-230-526 Ѓорѓи
Поздрав

Зимско искачување на Скопска Црна Гора

Прва клубска тура во Новата 2017 г на Скопска црна гора. Се искачивме на Спирова колиба и уживавме во глетката природата над Скопската котлина.


 

Pratete ne na Facebook!