About

Зима на Скопска Црна Гора 3/7

Panta rei, се тече, се се движи, се се менува. И, ете не дојдовме до крајот на годината. Иако се движиме по иста патека, сите ние, некој се сменил, а некој не. Оставаме се зад себе и се нека стои во старата година, таму му е местото на искуството со кое се здобивме во 2017 г. А во Новата Година, ќе го понесеме само она што го извлековме како ука, она позитивното. Со научена лекција од годината, како некој ат, следејќи ја Боки, “трчавме” кон Спирова колба, по патеката на Три чешми. Овој пат, никој за себе не носи закуска, туку Ѓорѓи, Злате, Срѓан, Боге, Здраве носеа закуска за сите, како за нас така и за гостите. А, останатите ги бодревме со насмевки. Само што се искачивме по патеката, видовме дим, чури оџакот на Спирова колиба. А таа пука, не пука од ништо друго, туку пука од топлина. Таму не чекаа Драгец, Тихо, Веле, Нолче,со топло чајче, греено вино, кафе, како почеток на Новогодишната забава. А, во белината околу Спирова Колиба, се слушна глас, глас на славеј. Тоа не е никој друг туку нашата драга Цаци. И, се запеа песна, се заигра оро, почна забавата. Песна, оро, кое не развесели и така весели не спушти повторно по патеката на Три Чешми. Благодарност до гостите, кои не разубавија со нивната ведрина и со вербата во нас. На крајот, сме подготвени за Новата Година, со предизвиците кои ги носи. Ние ги прифаќаме, а Вас останатите Ве очекуваме да дојдете со нас, да ги исрцтаме заедно. Секој различен, секој единствен, тоа е Убавината на ПСК Скопска Црна Гора. А, јас, драги мои, ќе речам, празници се ближат, а веќе за некому се дојдени, СРЕЌЕН БОЖИЌ 

текст-Слаѓана 
фото-Ѓорѓи

0 comments:

 

Pratete ne na Facebook!