About

Мрежа на патеки

Мрежа на патеки

Табеларен преглед на патеките

Табеларен преглед на називите на патеките:
Патеки за пешачење

1
Патека од село Побожје, преку врвот Црн Камен до с. Љубанци
Скратен назив: Спирова патека

2
Патека од викенд населба Побожје, преку превојот Рамно до врвот Пржар
Скратен назив: Каблите

3
Патека од манастир св. Никита, преку превојот Бањански преслап до викенд населба с. Бањани
Скратен назив: Зимска патека

4
Патека од селото Блаце, преку превојот Душановац  и месноста Цареви ливади до локалитетот Рамно
Скратен назив: Три ливади

5
Патека од село Љубанци преку манастирот св. Никола, месноста Костените, врвот Црн Камен до врвот Пржар
Скратен назив: Костените

6
Патека од село Љубанци  до врвот Пржар преку врвовите Бел камен и Црн камен
Скратен назив: Три врва

7
Патека од месноста Две реки преку месноста Побошки бачила до врвот Пржар
Скратен назив: Традиционална
8
Патека од Манастир Света Никита до Манастир св. Илија
Скратен назив: Манастирска патека 1
9
Патека од Манастир Свети Илија до Манастир Света Богородица (с. Побожје) Скратен назив: Манастирска патека 2
10
Патека од Манастир Света Богородица (с. Побожје) до Манастир Свети Никола
Скратен назив: Манастирска патека 3
11
Патека од  Манастир Свети Никола до Манастир во Света Петка
Скратен назив: Манастирска патека 4
12
Патека од месноста Цареви ливади до локалитетот Рамно
Скратен назив: Спојница

Карактеристика на патеката:

(краток опис на патеката, место на почеток и завршеток на патеката, должина на патеката, висинска разлика и највисока точка, културно-историски знаменитости, населени места, планинарски домови, природни знаменитости и сл.).

Краток опис на секоја од предложените патеки

1. Патека од село Побожје, преку врвот Црн Камен до с. Љубанци (Скратен назив: Спирова патека)

Краток опис:

Патеката се изработува во чест на чичко Спиро Митков, планинар кој повеќе од 20 години е присутен активно на Скопска Црна Гора и со чија помош и искуство се изработува целиот проект, за патеките на планината Скопска Црна Гора. Патеката поминува низ оние места, врз кои движењето на чичко Спиро оставило трага: Спирова колиба (Сотирова чешма), месноста Чука и т.н.

Патеката започнува од селото Побожје и се протега во правец кон север, заобиколувајќи ја традиционалната патека према с. Бродец и пристапува од јужната страна во с. Бродец, од каде повторно во насока кон север-североисток се движи преку Спировата колиба до врвот Црн камен на надморска висина од 1585 м. Од оваа позиција патеката има симнувачки карактер во јужна насока, поминува преку месноста Чука, се спушта во долот на Љубанечка река и завршува во с. Љубанци. Патеката е со доминантно јужна експозиција, погодна за пешачење во сите временски периоди. Подлогата е цврста и стабилна без поголеми ерозивни оштетувања.

Место на почеток и завршеток:

Почетна точка: с. Побожје 600 мнв

Крајна точка: с. Љубанци 570 мнв

Должина на патеката: 16 километри

Вкупна денивелација: 1000 метри;

Највисока точка: Црн Камен 1585 мнв

Културно историски знаменитости: Манастири, Цркви, стара селска архитектура, просторни предели и панорамски места

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Селата Побожје, Љубанци и Бродец

2. Патека од викенд населба Побожје, преку превојот Рамно до врвот Пржар(Скратен назив: Каблите)

Краток опис: 

Патеката во нејзиниот почетен дел од 1,5 км е поставена врз патека која месното население ја користи за транспорт на дрва со коњи, без обилна шумска вегетација, поради што е подложна на ерозивни промени. Генералната линија на протегање на патеката е во правец кон север до превојот Рамно од каде патеката скршнува во насока на исток, а експозицијата е кон југ, заради што е погодна за движење и во зимскиот период. Првите 2 километри се на отворен простор, надвор од шумата, исто како и последните 3 километри. Средниот дел од патеката е во шума, што ја прави пријатна за движење во текот на целиот ден и во топлите периоди од годината. Коридорот на патеката во најголемиот дел е зачуван. Газечката површина е стабилна без ерозивни оштетувања.

Место на почеток и завршеток: 


Почетна точка: Викенд населба село Побожје 600 мнв

Крајна точка: врв Пржар 1626 мнв

Должина на патеката: 10 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 1090 метри;

Највисока точка: 1626 метри

Културно историски знаменитости: патеката овозможува одличен панорамски приказ на околните патеки и врвови, има исклучително значење во мрежниот систем, бидејќи во нејзиниот почетен дел ги поврзува манастирските патеки кои ги поврзуваат манастирите св. Архангел Миахаил од западна страна и Пресвета Богородица од источна страна, а во нејзиниот завршен дел Зимската патека од исток и патеката Костените од запад.

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Село Побожје

3. Патека од манастир св. Никита, преку превојот Бањански преслап до викенд населба с. Бањани (скратен назив: Зимска патека)

Краток опис: 

Патеката во целиот дел се протега низ обилна шумска вегетација поради што е исклучително погодна за пешачење во летниот период. Генералната линија на протегање на патеката е во правец кон север до превојот Бањански преслап од каде патеката скршнува во насока кон југ, а експозицијата е кон југ заради што е погодна за движење и во зимскиот период. Средниот дел од патеката е во шума, што ја прави пријатна за движење во текот на целиот ден и во топлите периоди од годината. Коридорот на патеката во најголемиот дел е зачуван. Газечката површина е стабилна без ерозивни оштетувања. 


Место на почеток и завршеток:

Почетна точка: манастит св. Никита 580 мнв

Крајна точка: викенд населба с. Бањани 514 мнв

Точка со најголема висина: Бањански преслап 1335 мнв

Должина на патеката: 22 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 821 метри;

Највисока точка: 1335метри

Културно историски знаменитости: Културно историски знаменитости: Манастири, Цркви, стара селска архитектура, просторни предели и панорамски места

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Села Горњане и Бањане.

4. Патека од селото Блаце, преку превојот Душановац и месноста Цареви ливади до локалитетот Рамно (скратен назив: Три ливади)

Краток опис: 

Патеката во целиот дел се протега низ обилна шумска вегетација по должина на линијата на искачување, поради што е исклучително погодна за пешачење во летниот период. Генералната линија на протегање на патеката е во правец кон запад, а експозицијата е кон југ-југоисток заради што е погодна за движење и во зимскиот период. Средниот дел од патеката е во шумско-ливадски пејсаж, кој овозможува комплетен планински видик на целата планина Скопска црна Гора, во насока исток-запад. Коридорот на патеката во најголемиот дел е зачуван. Газечката површина е стабилна без ерозивни оштетувања.

Место на почеток и завршеток: 


Почетна точка: с. Блаце 760 мнв

Крајна точка: локалитет рамно 1556 мнв

Точка со најголема висина: локалитет рамно 1556 мнв

Должина на патеката: 20 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 800 метри;

Највисока точка: 1556метри

Културно историски знаменитости: Културно историски знаменитости: Манастири, стара селска архитектура, просторни предели и панорамски места

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Село Блаце

5. Патека од село Љубанци преку манастирот св. Никола, месноста Костените, врвот Црн Камен до врвот Пржар (Скратен назив: Костените)

Краток опис:

Пешачка патека која што започнува од крајот на селото Љубанци према с. Љуботен (старата амбуланта) во насока кон исток, поминува низ манастирот св. Никола од каде се протега по шумската патека низ меноста Костените во насока кон север, непосредно до локалитетот Црн Камен, од каде во правец кон запад доаѓа до врвот Пржар. Експозицијата на патеката е променлива од југозападна во почетокот до југоисточна во завршниот дел, заради што е пријатна за движење и во зимскиот период. Коридорот на патеката во најголемиот дел е зачуван. Газечката површина е стабилна без поголеми ерозивни оштетувања. Патеката е една од најпосетуваните планинарски патеки на Скопска Црна Гора.

Место на почеток и завршеток:

Почетна точка: село Љубанци 570 мнв

Крајна точка: врв Пржар 1626 мнв

Должина на патеката: 11 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 1056 метри;

Највисока точка: 1626метри

Културно историски знаменитости: Стари воденици, бачила, Манастири, стара селска архитектура, просторни предели и панорамски места

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Село Љубанци

6. Патека од село Љубанци до врвот Пржар преку врвовите Бел камен и Црн камен (Скратен назив: Три врва)

Краток опис:

Пешачка патека која што започнува од крајот на селото Љубанци према с. Љуботен (старата амбуланта) во насока кон севороисток, поминува низ манастирот св. Никола од каде се протега по шумската патека кон североисток до месноста Башинац, од каде во правец кон север доаѓа до врвот Бел Камен на 1550 мнв. Патека продолжува во насока на север и кон исток, движејќи се по пат од макадам и земја (познато како Муратово Џаде), во средишниот дел од сртот на Скопска Црна Гора и доаѓа до врвот Црн Камен на 1585 мнв. Патеката завршува на врвот Пржар на 1626 мнв. Газечката површина е стабилна без поголеми ерозивни оштетувања.

Место на почеток и завршеток: 


Место на почеток с. Љубанци, место на завршеток врв Пржар.

Почетна точка: село Љубанци 570 мнв

Крајна точка: врв Пржар 1626 мнв

Должина на патеката: 14 километри

Вкупна денивелација: во искачување 1090метри;

Највисока точка: 1626 метри

Културно историски знаменитости: Манастири, стара селска архитектура, просторни предели и панорамски места

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: с. Љубанци

7. Патека од месноста Две реки преку месноста Побошки бачила до врвот Пржар (Скратен назив: Традиционална)

Краток опис: 

Пешачка патека која што започнува од месноста две реки, а завршува на врвот Пржар 1626 метри. Генералната линија на протегање на патеката е во правец кон север, а експозицијата е кон југ заради што е погодна за движење и во зимскиот период. Првите 5 километри се во шума, последните 2,5 км од позиција на локалитет Рамно до врвот Пржар, се на отворено. Шумската поставеност, изворите по патот, ја прават патеката погодна за летниот период. Воедно ова е патека во која се спојуваат повеќе патеки, од повеќе месности и локалитети. Коридорот на патеката во најголемиот дел е зачуван. Газечката површина е стабилна без ерозивни оштетувања.

Место на почеток и завршеток: 


Почетна точка: Две реки 670 мнв

Крајна точка: врв Пржар 1626 мнв

Должина на патеката: 7,5 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 1026 метри;

Највисока точка: 1626 метри

Културно историски знаменитости: стара селска архитектура, просторни предели и панорамски места

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Селата Побожје и Бродец

8. Патека од Манастирот Света Никита до Манастирот Света Илија (Скратен назив: Манастирска патека 1)

Краток опис: 

Прва од вкупно 4-те патеки, кои споени во една целина од насока на запад кон исток формираат манастирска трансверзала во должина од 37 км. Пешачка патека која што започнува од Манастирот св. Никита во с. Горњани на 570 мнв, а завршува во Манастирот св. Илија на 656 мнв. Генералната линија на протегање на патеката е во правец кон север, во нејзиниот искачувачки дел, кој завршува во Манастирот св. Благовештение на 1080 мнв. Тоа е воедно и највисоката точка на искачување. Патеката продолжува во слегувачка линија преку Манастирот св. Богородица и доаѓа до Манастирот Св. Спас. Од оваа позиција патеката ја менува насоката од север кон југ, поминува преку Манастирот Св. Јован Крстител и доаѓа до Манастирот Св. Илија. Експозицијата на патеката е воглавно југ-југоисток, речиси целата патека има шумска поставеност, во скоро сите Манастири има вода. Коридорот на патеката во најголемиот дел е зачуван. Газечката површина е стабилна без ерозивни оштетувања. Патеката има огромно културно историско значење за целиот регион.

Место на почеток и завршеток: 


Почетна точка: Манастир Света Никита 570 мнв

Крајна точка: : Манастир Свети Илија 656 мнв

Должина на патеката: 7,5 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 510 метри;

Највисока точка: 1080 метри

Културно историски знаменитости: патеката опфаќа 6 манастири, од кои Манастирите Св. Никита, Св. Богородица и Св. Илија се активни, со конаци за преноќување, неколку извори, како во манастирите, така и попатно, селска архитектура.

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Селата Горњане и Бањани

9. Патека од Манастир Свети Илија до Манастир Света Богородица (с. Побожје), (Скратен назив: Манастирска патека 2)

Краток опис: 

Патека со коридор во насока запад-истоко и исклучително мала висинска денивелација во искачување од 216 мнв, што ја прави мошне погодна за рекреативно пешачење. Почетна позиција е Манастирот Свети Илија 656 мнв, крајна Манасторот Света Богородица (с. Побожје) 668 мнв. Патеката поминува низ Манастирот Свети Ѓорѓија. Коридорот во овој дел од патеката, посебно од манастирот св. Ѓорѓија кон Св. Архангел Михаил не е сочуван во целост и има потреба од патоказни табли на повеќе места. На 1,5 км пред Манастирот Св. Архангел Михаил патеката има сочуван коридор од шума. Од Манастирот Св. Архангел Михаил до Манастирот Света Богородица (с. Побожје) патеката е сочувана и воглавно поминува низ шумска вегетација. Експозицијата на патеката е воглавно јужна. Во сите Манастири има вода и одлично уредени манастирски површини за одмор. Газечката површина е стабилна. На поедини места има ерозивни оштетувања, на оние места каде патеката поминува по веќе трасирани козји и коњски патеки.

Место на почеток и завршеток:


Почетна точка: Манастир Свети Илија 656 мнв

Крајна точка: : Манастир Света Богородица (с. Побожје) 668 мнв

Должина на патеката: 6 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 216 метри;

Највисока точка: 840 метри

Културно историски знаменитости: Патеката ги поврзува најактивните Манастири на Скопска Црна Гора кои имаат големо значење за месното население и жителите од Градот Скопје, селска архитектура, манастирска архитектура и црковни знаменитости.

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Атар на Селата Горњане и Бањани

10. Патека од Манастир Света Богородица (с. Побожје) до Манастир Свети Никола (Скратен назив: Манастирска патека 3)

Краток опис:

Патека со јасен коридор кој во почетниот дел е во насока кон север до Манастирот св. Илија (с. Бродец) на 980 мнв, од каде патеката ја манеува насоката кон југ до почетокот на атарот на с. Љубанци, од каде насоката е кон исток се до Манастирот Свети Никола. Патеката има променлива денивелација во качување и искачување во нејзината втора половина. Експозицијата на патеката е воглавно југ-југозапад. Во сите Манастири има вода и одлично уредени манастирски површини за одмор. Газечката површина е стабилна. Ретко се сретнуваат ерозивни оштетувања, на оние места каде патеката поминува по веќе трасирани козји и коњски патеки. Коридорот на движење е сочуван. Поголемиот дел од патеката поминува низ шумска вегетација.

Место на почеток и завршеток:

Почетна точка: Манастир Света Богородица (с. Побожје) 668 мнв

Крајна точка: Манастирот Свети Никола 750 мнв

Должина на патеката: 10 километри

Вкупна денивелација: во искачување- 292 метри;

Највисока точка: 960 метри

Културно историски знаменитости: Патеката ги поврзува Манастирите кои исто како и во претходната Манастирска патека 2, имаат големо значење за месното население и жителите од Градот Скопје, селска архитектура, манастирска архитектура и црковни знаменитости.

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Атар на Селата Побожје и Љубанци

11. Патека од Манастир Свети Никола до Манастир во Света Петка (Скратен назив: Манастирска патека 4)

Краток опис: 

Последната патека од вкупно 4 која најверојатно по својот карактер ги доловува сите потребни убавини и атрибути за една планинарска патека: активни Манастири, пејсажи кои ја доловиваат цела Скопска Црна Гора од исток кон запад и планинарски карактер на патеката. Патека е со јасен коридор кој во почетниот дел е во насока кон исток и е во искачување се до месноста Влаин гроб од 1550 мнв. Патека до оваа точка е во западна експозиција, потоа до Манастирот св. Богородица во село Матејче има источна експозиција и е во кнасока кон исток. Од Манастирот патеката има насока кон југ, а во завршниот дел е во насока кон запад до Манастирската црква Света Петка во селото Црешево. Во сите Манастири има вода и уредени манастирски површини за одмор. Газечката површина е стабилна. Не се сретнуваат ерозивни оштетувања. Коридорот на движење е сочуван. Најголемиот дел од патеката поминува низ висока шумска вегетација.

Место на почеток и завршеток: 


Почетна точка: Манастирот Свети Никола 750 мнв

Крајна точка: Манастирска црква Света Петка 355 мнв

Должина на патеката: 20 километри

Вкупна денивелација: во искачување- 1030 метри;

Највисока точка: 1550 метри

Културно историски знаменитости: Манастир Свети Никола, Манастир Света Богородица, Манастирска црква Света Петка , селска архитектура, манастирска архитектура и црковни знаменитости.

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: Атар на Селата Љубанци, Црешево и Виниче

12. Патека од месноста Цареви ливади до локалитетот Рамно (скратен назив: Спојница)

Краток опис: 

Патеката во целиот дел се протега низ обилна шумска вегетација по должина на линијата на спуштање и искачување, поради што е исклучително погодна за пешачење во летниот период. Генералната линија на протегање на патеката е во правец кон југозапад во првата половина, а кон јсеврозапад во втората половина. Целииот дел од патеката е во шумско-ливадски пејсаж. Коридорот на патеката во најголемиот дел е зачуван. Газечката површина е стабилна без ерозивни оштетувања. Патеката прави спој на два битни локалитета на Скопска Црна Гора кои воедно се поврзани со другите патеки во мрежата, овозможува брз пристап до населени места од двете висински места (Рамно и Цареви Ливади) и пристап до извори.

Место на почеток и завршеток:

Почетна точка: лоакалитет Рамно 1556 мнв

Крајна точка: локалитет Цареви ливади 1460 мнв

Точка со најголема висина: локалитет рамно 1556 мнв

Должина на патеката: 8 километри

Вкупна денивелација: во искачување - 720 метри;

Највисока точка: 1556метри

Културно историски знаменитости: просторни предели и панорамски места, извори, пејсажи

Природни знаменитости: специфичен биодиверзитет

Населени места: ловачки куќи

0 comments:

 

Pratete ne na Facebook!