Рекреативна тура на Матка
December 25, 2016
No comments
Планинарска акција на Цави ливади
December 11, 2016
No comments

ПСК СЦГ на врв Мусала 2925 мнв.
June 18, 2016
Musala, p, Planinarenje, Planinarsko drustvo, PSK SCG, Psk Skopska Crna Gora, PSKSCG
No comments
ПСК СЦГ на врв Мусала 2925 мнв
На 17.06.2016 г по собирање на групата кај транспортен центар во 7.00 часот тргнавме кон Боровец - Р.Бугарија .После 7.5 часа патување (граница ,пазарење во Лидл и попатни паузи) пристигавме во Боровец (1350 мнв).Ги спремивме ранците (малку потешки од вообичаено ) и тргнавме кон пл.дом Мусала 2389 мнв по патека која поминува покрај река низ густа борова шума .Без проблем се движевме кон домот и веќе по изминати околу 9 км во 19 ч бевме во домот од каде имаше прекрасен поглед на врвот Мусала.
18.06.2016 г во 8.00 ч тргнавме да го искачиме врвот.Попатно направивме кратка пауза во пл.дом Ледничко езеро и продолживме кон врвот каде веќе во10,30 ч сите бевме горе.Сите среќни и радосни од остварување на заедничката цел .Времето беше прекрасно па така се задржавме подолго на врвот.Морам да напоменам дека најмладиот член од клубот кој го искачи врвот Слаѓан има 16 г и ова му беше роденденско искачување на највисокиот врв на Балканот.После симнувањето од врвот денот ни беше резервиран за уживање во прекрасната природа а вечерта за журка во домот за која се погрижи DJ Коста .
19.06.2016 ч во 8.00 ч веќе спремни тргнавме назад кон Боровец но овојпат по друга патека од кај жичарата и ски лифтовите и веќе во11.00 ч бевме во Боровец од каде тргнавме кон Софија на шопинг во Декатлон и парадизо мол.Во каните вечерни часови пристигнавме во Скопје сите среќни и весели од нашиот успех.
Настанот го ставивме минатата година во програмата за 2016 г овој викенд и го остваривме.Од 17.06.2016 до 19.06.2016 година 18 членови на клубот и 2 клубски пријатели престојувавме на планината Рила со единствена цел да го искачиме врвот Мусала 2925 мнв.
Организација и фото -Ѓорѓи Петровски
Најава тура на Скопска Црна Гора на 22.05.2016 г.
May 20, 2016
PSK SCG, Psk Skopska Crna Gora, PSKSCG, Spirova koliba, ПСК Скопска Црна Гора
No comments
ПСК СЦГ организира планинарска тура Скопска црна гора на 22.05.2016 г.
Стартна позиција с.Љубанци - рибник се оди преку Љубанска чука до Спирова колиба.
Вкупна денивелација околу 850 м.
До с.Љубанци се оди со автобус бр.47 тргнува од транспортен центар во 7.10 часот. Вракање со истиот автобус во попладневните часови.
До с.Љубанци - рибник може да се дојде и со сопствен превоз, старт на турата е 8.00 часот.
Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза во зависност од временските услови.
Контакт телефон Драгец 070 870 723
Поздрав ПСК СЦГ
Стартна позиција с.Љубанци - рибник се оди преку Љубанска чука до Спирова колиба.
Вкупна денивелација околу 850 м.
До с.Љубанци се оди со автобус бр.47 тргнува од транспортен центар во 7.10 часот. Вракање со истиот автобус во попладневните часови.
До с.Љубанци - рибник може да се дојде и со сопствен превоз, старт на турата е 8.00 часот.
Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза во зависност од временските услови.
Контакт телефон Драгец 070 870 723
Поздрав ПСК СЦГ
Корабски водопад 2016
May 15, 2016
Korab, Korabski vodopad, Planinarenje, Planinarsko drustvo, PSK SCG, Кораб, Корабски водопад, ПСК Скопска Црна Гора, ПСК СЦГ
No comments
На ден 15.05.2016 г членови на клубот заедно со неколку пријатели на клубот се искачивме до Корабски водопад .Прекрасна долга тура минувајки низ прекрасна густа и висока букова шума најпрво се искачивме до видиковец од каде има прекрасен поглед на Корабски водопад ,неколку членови се искачија до врвот Рибничка скала, неколку члена останаа на видиковец а повеќето се упатија до водопадот.Во вечерните часови се вративме до стартната позиција каде го прославивме роденденот на Лидија со прекрасна торта.Се на се прекрасно поминат ден во планина.
Слики од турата
Меденица 2163 мнв
May 08, 2016
Medenica, PSK SCG, Psk Skopska Crna Gora, PSKSCG, Меденица, ПСК Скопска Црна Гора, ПСК СЦГ
No comments
Прекрасен сончев ден на Бистра идеален за планинарење. 22 членови и пријатели на клубот направивме прекрасна тура од Галичник до врвот Меденица 2163 мнв а попатно неколку членови и до Говедарник.
Слики од туратa
Слики од туратa
Четврт традиционален планинарски поход на ПСК Скопска Црна Гора под мотото - УБАВИНИТЕ НА СКОПСКА
April 14, 2016
Brodec, PSK SCG, Бродец, ПСК Скопска Црна Гора, ПСК СЦГ, Спирова колиба, УБАВИНИТЕ НА СКОПСКА
No comments
Почитувани,
Планинарско спортскиот клуб Скопска Црна Гора – Скопје со
голема чест и задоволство Ве поканува на четвртиот по ред Традиционален
планинарски поход на Скопска Црна Гора
”УБАВИНИТЕ НА СКОПСКА”
Настанот ќе се одржи на ден 17. 04. 2016 година (недела). Точното време на поаѓање и останатото детално
инфо за настанот е објавено во официјалната програма во продолжение.
Искрено се надеваме на вашето присуство, со кое ќе
укажете на својата поддршка на планинарењето и промовирањето на планинарската
свест кај помладата популација.
Со почит,
Извршен одбор на ПСК Скопска Црна Гора
ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ
За сите учесници задолжително е
пријавување на следниот мејл prijava@pskscg.mk
најдоцна до 14.04.2016 година, каде треба да го назначите следново: Име и презиме, за кој поход се пријавувате (спортско планинарски поход или
рекреативен планинарски поход).
За секој учесник се наплатува по 150,00
ден. учесничка такса во која е вклучен превоз на учесникот во два правци и
ручек (гравче). Се повикува секој учесник да понесе сопствен прибор за јадење.
Се
повикуваат планинарските клубови да пријават список со број на учесници на
горенаведениот мејл.
Место на поаѓање за двата походи е Пошта
2, кај новата железничка станица.
Време на поаѓање за спортско планинарски
поход:
пријавување по списоци 7.00 - 7.30ч.
поаѓање на автобуси 7.30ч до с. Побожје
планирано време на враќање 18.00ч. во
Скопје
Време на поаѓање за рекреативен
планинарски поход:
пријавување по списоци 8.00 - 8.30ч.
поаѓање на автобуси 8.30ч. до с. Бродец
планирано
време на враќање 18.00ч. во Скопје
Во продолжение детално инфо за секој
поход поединечно.
СПОРТСКО ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД
с. Побожје - патека Каблите - месност
Рамно - врв Пржар 1626 мнв - Спирова колиба 1490 мнв - Спирова патека - с.Бродец
- с.Побожје
Тргнување од с. Побожје: 8.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување на врв Пржар : 12.00ч
Поаѓање од с.Побожје за Скопје : 17.30ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова
железничка): 18.00ч.
Инфо околу патеката и упатства за учесниците
Патеката е долга 20км. Сите учесници
треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна
количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат
опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку
се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да
добие препорака од водичите да не учествува во походот, односно да биде
пренасочен на рекреативниот поход.
Доколку и покрај препораките, учесникот
самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните
последици од несоодветната подготвеност.
Задолжително да се почитуваат водичите
на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич).
Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои
амблем на клубот.
- исхрана: ручек од организаторот,
гравче (секој учесник носи свој прибор за јадење)
- дополнителни потреби од ранец, секој
самостојно
- планирано време за походот 8 часа
- време на активно движење 6 часа
- активно време на искачување 4 часа
- активно време на спуштање 2 часа
- разлика во денивелација 1026 мнв
- почетна позиција 600 мнв
- највисока позиција 1626 мнв
Водичи: Ѓорѓи Петровски и Дарко
Трајковски
Контакт: Ѓорѓи Петровски (070 230 526)
Дарко Трајковски (076 274 742)
РЕКРЕАТИВЕН ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД
с. Бродец - Спирова
колиба - с.Бродец
Тргнување од с. Бродец: 9.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување кај Спирова колиба: 12.00ч.
Поаѓање од с.Бродец : 17.00ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова
железничка): 18.00ч.
Инфо околу патеката
Патеката е долга 8 км. Наменета е за
деца и за возрасни кои имаат почетна физичка кондиција. Според тоа, одбрана е
лесна и прегледна патека, без стрмни угорнини. За малолетни учесници (под 14
години) задолжително е присуство на родител.
Сите учесници треба да се физички
кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и
храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита
на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека
некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие
препорака од водичите да не учествува во походот.
Доколку и покрај препораките, учесникот
самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици
од несоодветната подготвеност.
Задолжително да се почитуваат водичите
на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич).
Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои
амблем на клубот.
- исхрана: ручек од организаторот,
гравче (секој учесник носи свој прибор за јадење)
- дополнителни потреби од ранец, секој
самостојно
- планирано време за походот 7 часа
- време на активно движење 5 часа
- активно време на искачување 3 часа
- активно време на спуштање 2 часа
- разлика во денивелација 510 мнв
- почетна позиција 980 мнв
- највисока позиција 1490 мнв
Водичи: Драгутин Малиш и Коста Шимбов
Контакт: Драгутин Малиш (070 870 723)
Коста Шимбов (075 544 020)
Генерални
упатства:
Секој поход има свои водичи
од почеток до крај на турата. Секој кој смета дека е
физички кондиционо подготвен и има намера да се издвои од групата, сам ќе ги
сноси последиците од евентуалните повреди настанати поради не придржување до
советите и ритамот на движење наметнат од водичите.
За детални општи и конкретни информации,
слободно обратете се на некој од долунаведените лица, кои се официјални
преставници на клубот:
- Ѓорѓи Петровски 070 230 526
- Дарко Трајковски 076 274 742
- Драгутин Малиш 070 870 723
- Коста Шимбов 075 544 020
Веб страна на Клубот
ФБ страна на Клубот
Со почит,
Планинарско спортски клуб
Скопска Црна Гора
Скопје
Претседател
Ѓорѓи Петровски
Царев врв 2085 мнв Осоговски планини
February 29, 2016
Kalin Kamen, Osogovski Planini, PSKSCG, Калин Камен, Осоговски Планини
No comments

Линк со слики од турата
Спортско-рекративна тура-Маврово 2016
Прекрасна зимска тура на снег.Дваесетина членови и пријатели на клубот се упативме од с.Маврово 1740 мнб кон месноста Чавкарник по добро маркирана патека газевме длабок неразгазен снег имавме убаво сончево време со слаб ветар на врвот.На врвот уживавме во прекрасниот поглед на Мавровско езеро и при тоа направивме неколку фотографии кои ќе ви ја доловат атмосферата.На крај заклучокот беше дека оваа тура беше една од поубавите зимски тури на клубот.
Слики од турата
Врв Китка Козјак Кумановско

Слики од турата
Рекреативна тура на Скопска Црна Гора
January 23, 2016
No comments
Слики од турата
Зимско искачување на врв Црн Камен 2016
January 18, 2016
No comments
![]() |
Клубско дружење пред Спирова Колиба |
Долга снежна тура на Скопска црна гора.Тргнавме од с.Љубанци движејки се по патеката Костените преку Црн камен до Спирова колиба ,а се вративме преку с.Бродец движејки се по дел од Манастирска патека 3 до с.Љубанци.Повеќе од 20 км изминати по снег на места вистинска зимска идила а на места снежна бура.Убаво поминат зимски снежен ден
Едно кратко видео да се долови атмосферата на Скопска
Слики од турата