About

Лековити билки

ЛЕКОВИТИ БИЛКИ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

АЈДУЧКА ТРЕВА  (Achillea Millefolium)


Растение високо до половина метар со право, цврсто и неразгрането стебло, покриено со меки и сиви влакненца. Лисјата се ситно перјести со мали лисни дршки. Цвета од мај до јуни, се собира горниот дел или само цветовите без дршки. Многу се користи во народната медицина за спречување крварења, болести на стомакот, женски болести, циркулација и др.

БИСЕРОК (Alchemilla Vulgaris)

Повеќегодишна билка, расте на повисоки светли ливади и пасишта, покрај потоци и шуми. Стеблото израснува од розета на приземни листови, умерено покриено со влакна, високо до 50 см. Листовите се кружни, ѕвездасто засечени. Цветот е широка метличка, цветовите ситни, жолтозелени, голи без круничка. Цвета од јуни до септември. Се собира надземниот дел од билката во цвет. Бисерокот е многу ценета билка во народната медицина, особено за болести на женските органи, надворешно за рани предизвикани при породување, но и како средство за зајакнување на мускулатурата кај мали деца и тоа во форма на купка.

АНГЕЛИКА, БЛАГ БОЗ (ANGELICA Archangelica)

Растение високо околу 2 метри, се среќава како диво растение на влажните ливади, крај реки, во светли шуми. Има развиено подземно стебло, со долги корења кои содржат жолтеникаво-бел сок и пријатно мирисаат. Надземното стебло е право, дебело и цевкасто, исполнето со срж. Листовите се големи, со отворена зелена боја, и перјесто делени. Цветовите се зелено-жолта боја, собрани во вид на чадор. Плодовите се широко елиптични.
Се собираат подземниот исрасток  со коренот (доцна во есен) и листовите (во пролет, во почетокот на цутењето, во јули или до крајот на цутењето во август, на повисоките места и подоцна).

Во многу европски земји и кај нас ангеликата е стар лек.  Коренот на Ангеликата има антибактериско дејство и најчесто се употребува во лекување на кашлица, треска, болки во стомакот и многу други стомачни пореметувања. Се користи за попречена менструација и не треба да се користат во големи количини од страна на бремените жени. Ангеликата исто така се користи за реума, отоци, скршени коски и ја спречува појавата на акни. Чај направен од Ангелика помага во варењето на храната, болка од длабоко кашлица, менструалните грчеви, инфекции на уринарниот тракт и набабрени непца. Ангелика корен содржи многу витамини и минерали како Рибофлавин, витамин Б12, Тиамин, цинк, железо, магнезиум, калиум и многу други минерали. 
Се користи и како зачин.

КАЛАМИНТА, ГОРСКО НАНЕ (Calamintha officinalis)

Каламинтата е се побарана билка, необична по својот нежен изглед, убав и ароматичен мирис сличен на нане. Расте на повисоки места. Има разни вариетети, на пример Calamintha grandiflora се среќава во букови шуми, додека Calamintha officinalis во дабови шуми и ридско планинските предели.

Се користи во народната медицина за депресивни состојби, шизофрнија, како и за јакнење и смирување на организмот. Се бере целото растение, за време на цветање во јули и август. Не треба да се користи кај бремени жени може да предизвика спонтан абортус. 

ЦРВЕН КАНТАРИОН (Centaurium umbellatum)


Црвениот кантарион е мало, едно или двегодишно растение. Стеблото е право, високо до 50 см, на врвот разгрането. Цветовите се црвено-розови, собрани на врвот на стеблото. Се собира во цвет, од јули до септември. Се употребува за отворање апетит, против болка во желудникот и цревата, против слабокрвност, грозница и за прочистување на крвта. Се користи и при каснување од инсекти и ја регулира столицата. 

ЦРВЕН И БЕЛ ГЛОГ (Crataegus oxyacantha, C. monogyna)


Средно висока грмушка со разгрането стебло, со долги боцки на гранките. Цветовите се бели или розови, плодовите се црвени, бршленести и имаат една цемка (бел глог) или 2-3 семки (црвениот глог). Цути од април. Плодовите зреат во септември. Од растението се собираат цветовите (април-јуни) и плодовите (авгст-септември). Се користи како регулатор на работата на срцето и крвниот притисок. 


КРОКУС (Crocus sativus)




Познат и како качунка, има многу видови. Висок до 15 см, дивиот крокус цвета во рана пролет и есен. Се користат само толчниците на цветот, како лек и зачин. Се употребува против висок холестеротл, висок притисок, болести во желудникот, лошо варење.

ВРБОВКИ (Epilobium)

Ситноцветните врбовки E. roseum, E. montanum … се препознатливи по тоа сто цветовите им се ситни и со црвенкаста, бледорозева или скоро бела боја.                Сместени се на долгнавести тесни меунки, од кои кога ќе се распукнат излегуваат семчињаобраснати со бели волнести влакненца. Кога е зрела билката пушта коси. Се собира надземниот дел. Не треба да се пие повеќе од две шољи чај дневно – една наутро на гладно и една навечер.
Во народната медицина ситноцветните врбовки се користат кај заболувања на простата и мочниот меур. Цветот и листот од крупната врбовка E. angustifolium се користи за заболувања на мочниот меур а само листо како замена за зелен цај, но и во исхраната – за пити, чорби и зелници. При берба внимавајте цветот на ситноцветните да не биде поголем од ноктот на малиот прст. Покрај реките расте E. hirsutum, кој е нешто повисок со поголем и поцрвен цвет, но не е доволно испитан и владее мислење дека може да има обратен ефект од ситноцветните врбовки.

ЛИНУРА (Gentiana lutea)


Со години наназад коренот од линцура се користи како традиционален народен лек за повеќе индикации. Се препорачува за подобрување на апетитот, за подобрување на состојби при нарушена циркулација, проширени вени, при желудочни заболувања, за подобро искористување на хранливите материи и против треска. Коренот од линцура може да се подготви како алкохолен екстракт (подготвен во ракија или во вино) или како чај. Сите облици се со многу горчлив вкус, но со дејство кое навистина ќе ви помогне.


МРТВА КОПРИВА (Lamium album)










Белата мртва коприва расте во населбите и покрај патиштата. Стеблото е со висина од 30-40 см. Це берат само цветовите. Во народната медицина има широка примена и се употребува за запирање на крвавење од повеќе органи, а особено од матката и лекување на јајниците и регулирање на менструалниот циклус.
И останатите мртви коприви се со слично лековито дејство, добри се за стомакот, хормоните и надворешно за рани. Влакнестата мртва коприва е особено добра во лекување на слезината. Розовата мртва коприва против крварење, за смекнување на чиреви, женски болести и јаки проливи. Жолтата мртва коприва се смета за најлековита и лекува болести на уринарните патишта, тешки бубрежни заболивања, а се користи и за облози за чиреви и проширени вени.

МАЧКИН БОСИЛОК (Napeta cataria)















Висока до 2м, со пријатен мирис, расте на влажни места. Цвета во јуни-јули и се собира надземниот дел. Се користи за смирување, слично како маточината. По мирисот потсетува на неа. Се користи за нервни растројства, кај лекување од зависности. Ги привлекува мачките.

ГОРСКИ БОСИЛОК (Napeta nuda)














Горскиот босилок е билка од родот на каламинтите. Многу ја сакаат пчелите, расте висока до 1м, на повисоките места. Се собира надземниот дел во цвет, јули-август. Се користи за тага, јад, грутка во градите – народот вели дека е билка за се. 

РИГАН (Origanum vulgare)

Познато и како планински чај, расте на светли, сончеви места во ридско-планинските предели. Цветовите се со бледа до темноцрвена боја, некогас и бели кај вариететите. Билката цвета од јули до септември и пријатно  мириса. Се користи врвот од билката во цвет и етерското масло. Во народната медицина е добро средство кај несоница и бронхитис, застма, бронхопневмонија, грип, настинка и температура, се користи и против целулит. 


ЈАГЛИКА (Primula veris)


Јагликата е долгогодишна зелјеста билка, еден од првите весници на пролетта. Од краткиот ризом, над земјата избива розета од неколку лисја, а потоа дршка долга 20 cm, која носи неколку темножолти цветови во вид на инка, што се наведнати. Како активен дел од растението се користат цветовите, кои треба добро и брзо да се исушат. Тие имаат пријатен мирис на мед и сладок вкус. Треба да се берат цели цветови со дршката, на убаво и суво време.
Се употребува за приготвување инфуз, топол напиток со попарување со врела вода, кој наоѓа голема примена како експекторанс, за лекување кашлица, која вообичаено започнува како сува, за понатаму да стане придружена со секрет, што создава тешкотии при кашлањето. Грлото се дразни, а секретот не може да се искашла. Чајот од јаглика ја олеснува надразнетоста при воспаление на горните дишни патишта, ги разводнува слузните секрети и овозможува нивно искашлување. Сам или во комбинација со други чаеви, се користи за лекување белодробни заболувања, воспаление на горниот белодробен апарат придружено со секрет, кашлица придружена со густ секрет, бронхитис и настинки со кашлица. Исто така, чајот направен од цветовите го зголемува бројот на црвените крвни зрнца. Коренот делува смирувачки како средство за намалување на главоболка, нервоза, несоница, вртоглавица, за лекување на одземеност, болести на бубрези, ревматизам и хронична затнатост. 



ЦРВЕНО ПОДАБИЧЕ (Teucrium chamaedrys)


Црвеното подабиче расте на суви, каменити и тревести предели. Стеблото е високо до 30 см, листовите се со различен облик, а цветовите се розеви до златноцрвени. Се бере во цвет а се користи како стим(улант за цревниот систем, лекува хемороиди и слично.

ПЛАНИНСКО ПОДАБИЧЕ – ИВА ТРЕВА  (Teucrium montanum)

Ива трева е низок жбун, со полегнато стебло, со мали ливчиња, линеарно ланцетасти, долги до 2 см а широки до 2 мм. На лице се голи сјајни, а на другата страна прекриени со беличести влакненца. Цветовите се во соцветија, на кратки дршки, со жолтеникаво-бела боја. оваа билка расте во планински суви места, на надморска висина од 800 до 1500 метри. Ива трева содржи флавоноиди, горчливи материи, танини и етерско масло. За лек се собира надземниот дел. оваа билка има горчлив вкус.
Во народната медицина е многу ценета билка, која се употребува за лекување на разни заболувања на органите за варење и дишните органи, за лекување на бубрезите и многу тешки болести, рак. Поради големата лековита моќ на ова растение во народот постои поговорка: „Трева Ива и од мртва прави жива”.

ВЕРОНИКА (Veronica officinalis)


Верониката претставува ползечка билка која расте во повисоките шуми и ливадите. Потекнува од семејството на (Plantaginaceae). Родот вклучува едногодишни и многугодишни тревести растенија. Се бере во месец мај. Расте во височина од 10-20см. Има син и ситен цвет. Ова растение наоѓа примена во медицината и тоа за стопирање на крварење на белите дробови и смирување на кашлицата. Помага против главоболка и реума.
За припрема на ова лековито растение потребни се 50гр лисја и цветни врвови да се стават во 1 литар врела вода и да се држат поклопени околу половина час. Се користи и како средство за лечење на рани, екземи и јадеж. Одлична против холестерол.

0 comments:

 

Pratete ne na Facebook!