Планинарскиот спортски клуб Скопска Црна Гора (ПСК СЦГ) е формиран во месец март 2012 година со идеја за поддршка и афирмација на македонското планинарство преку активности кои најмногу ќе бидат насочени во запознавање и афирмирање на Скопска Црна Гора како доминантна планина во Скопската околина. И покрај тоа што оснивачите на клубот не произлегуваат од милието на долгогодишни планинари, нивната јасна визија за пренесување на планинарската култура на наредните генерации и сите искрени љубители на планината ќе стане препознатлив стил во работата на клубот во првите две години од постоењето.
Земајќи ја Скопска Црна Гора како дом и мотивација за понатамошните активности (од каде произлегува логото на клубот: клукајдрвец на даб со позадина од падините на Скопска Црна Гора), клубот пристапи кон активности кои се насочени во едуцирање на идни планинари преку школо за планинарење, традиционален планинарски поход, изградба на планинарска куќа на падините на Скопска Црна Гора (во месноста Бродечки вирови) и почеток на реализација на проектот- Мрежен систем на патеки “Скопска Црна Гора“ кој е во комплетна изработка на членовите на клубот.

“Виновници“ за основање на клубот се:
Драгутин Малиш, Игорче Милановски, Ѓорѓи Петровски, Далибор Милановски, Љубе Бадаровски, Ивана Шеќерова, Блашка Пвловска, Љиљана Ѓоѓиевска, Александар Манолев.
Извадок од статутот на клубот за тоа, кои се мотивите за негово оснивање:
- да ја развија и унапредува физичката култура, а особено планинарството како посебна форма на масовна физичка култура;
- да собира што поголем број на граѓани и истите да ги обучува со планинарски знаења и вештини и да создава кај нив навики слободното време да го поминуваат во природа, особено во планина бидеќи планинарството е форма на активен одмор и рекреација преку кој се гради и формира здрав, силен и благороден член на нашата заедница;
- да ги подржува и учествува во акциите со кои се одбележуваат настани од нашето историско минато;
- кај своите членови да развива особини на издржливост, снаодливост, скромност, другарство и самоиницијатива;
- да ги чува природните убавини и другите природни богатства на планината од оштетување и уништување;
- да создава услови за престој во природа, а особено во планина и
- во духот на човековата солидарност и пријателство преку сродни здруженија да работи на запознавање и зближување со другите народи во светот и на хуманизација на меѓучовечките односи.
0 comments:
Post a Comment