About

Зима на Скопска Црна Гора 1/7

Прва од седумте, прва од седумте планински патешествија на Зима на Скопска, Патека на Костените.

Дојдени од секој крај, во магливо утро, кое те погалува сосема нежно како што се издига во височините. Испреплетени меѓусебе, се препознавме по планинарскте стапчиња, по планинарските чевли.


Барајќи костени, слушаш жубор на вода, која те пренесува до месноста Говедарник. А, оттаму наѕира  Црн Камен, врв каде ја ослободуваш секоја честитка од радост. Врв, кој не познава стари, млади, туку само храбри планинари, кои го освоиле,  токму  ден пред Ослободувањето на Скопје.

Скопје, иако те гледаме во сиви облаци, сепак те сакаме!  Радост ти ни будиш!

Се симнавме до Спирова колиба, таму веќе е топло, огинот гори, се грееше чајче, се вареше кафе. Секој кој што има, кој што донел, кој што нашол попат (костени), споделува, споделува по некое залаче, споделува по некој топол збор. А планинарската куќа е осветлена, и се прашуваш дали е тоа е од сончевите зраци  или од дрвата кои горат. Не, тоа е од топлината на гостите, од чија топлина душата ти е стоплена.

Но, тука не завршува нашата приказна, продолжува по патеката Три чешми. Пешачиш надоле, поминуваш една ешма, друга чешма, трета чешма, наполнуваш изворска вода,  но не ја гаси жедта за планина, туку те повикува повторно да дојдеш на Зима на Скопска.

 Ви благодариме на сите што дозволивте да ја споделите Вашата планинарска радост со нас, на Зима на Скопска !

И, се  гледаме на 2/7 на Зима на Скопска !

Teкст: Слаѓана Фотографија: Ѓорги 

 

Pratete ne na Facebook!