About

Пирин планина Вихрен 2914 м

Утро 6:00 часот по локално време, хотел Корина сите учесници во добро расположение спремни да го освоиме највисокиот врв на Пирин планина, Вихрен ( 2914 м ) трет врв на Балканот.Се качуваме во автобус и се упатуваме кон Бандерички пољани.После отприлика 30 минути возење низ прекрасна борова шума пристигнуваме на паркингот кај Бандерички ливади каде сретнуваме планинари кои ноќта ја минале во шатори. Од паркингот 1809 м во 6:40 минути се упатуваме кон планинарскиот дом Вихрен од каде што и започнува искачувањето на врвот Вихрен. Патеката до домот е лесна, добро маркирана, низ прекрасен шумски пат богат со најразновидна вегетација и разни цвеќиња. Отприлика за 20 минути пристигнуваме до домот Вихрен на 1972 м.
После кратка пауза за лесен доручек и подготовка на опремата 13 планинари тргнуваме во освојување на врвотво точно 8:00 часот.
Од домот започнува вистинското искачување. Почетокот на патеката е релативно лесен но како се оддалечувавме од домот патеката стануваше се пострмна и потешка..По добро маркирана патека лесно се движевме и не ни преставуваше проблем истат да ја следиме.

После 2 часа пешачење стигнуваме до билото испод врвот Вихрен на околу 2600мнв од каде се отвара прекрасен поглед на едно големо и неколку помали езера. По кратка пауза се упатуваме кон врвот и за отприлика 45 минути искачување по стрмен каменит предел пристигнуваме на самиот врв Вихрен 2914 м.
На врвот се задржавме повеќе од еден час каде уживавме во прекрасните пејсажи. Пет члена од групата Гуги, Филип, Тихо, Столе и Ангел се упатија преку врвот Кутело до врвот Кончето, додека останатите членови на групата Биле, Ѓоко, Дарко, Љубе , Игор, Сашо, Коста и Слободан се упативме назад кон домот.Спуштањето беше исто така тешко како и искачувањето бидејки движењето беше по каменит предел.Некаде околу13:00 часот пристигнавме до домот .Во домот нарачавме по една прекрасна пилешка чорба за да се опсвежиме и надополниме енергија. По кратка пауза се упатуваме кон автобусот каде не чекаат двајца членови од клубот Драгец и Љубен кои не се искачуваа на врвот но денот го поминаа во разгледување и уживање на природата.
На враќање кон хотелот падна договор за релаксација во топла термална вода во село Бања одалчено на 5 км од Банско.
Турата во Банско едногласно ја оценивме како Успешна.
за успешна реализација на турата сакам да се заблагодарам на ТА Скобул од Скопје која беше задолжена за организација на превоз и сместување во Банско.


Планинарски поздрав
Председател, Ѓорѓи Петровски

 

Pratete ne na Facebook!