28.02.2016 г време променливо облачно со силен југоисточен ветар , дваесетина членови на клубот и наши пријатели заедно со домаќините од ПСК Руен од Крива Паланка се искачивме најпрво до врвот Калин камен 1885 мнв а потоа и до Царев врв 2085 мнв.Ниту силниот ветар ниту снегот не не поколеба денот да го поминиме на планина.
Линк со слики од турата
Прекрасна зимска тура на снег.Дваесетина членови и пријатели на клубот се упативме од с.Маврово 1740 мнб кон месноста Чавкарник по добро маркирана патека газевме длабок неразгазен снег имавме убаво сончево време со слаб ветар на врвот.На врвот уживавме во прекрасниот поглед на Мавровско езеро и при тоа направивме неколку фотографии кои ќе ви ја доловат атмосферата.На крај заклучокот беше дека оваа тура беше една од поубавите зимски тури на клубот.
Слики од турата