About

Зачленување

Почитувани, планинари и љубители на планината , ПСК Скопска црна гора – Скопје врши упис на нови членови во клубот за 2021 година.

Со зачленување во нашиот клуб добивате:

- Планинарска книшка од ФПСМ и годишна планинарска маркица за членство,

- Основна обука за движење на планина, ментор, кој ќе ви помага при купување на планинарска опрема и во текот на планинарските акции, книга „Основи на движење низ планина“,

- Можност да учествувате на обуки, во школи, на презентации за безбедно движење низ планини, да учествувате во планинарски акции за деца и младинци, да обележувате патеки кои ги одржува нашиот клуб, да учествувате во акции за заштита на природата,

- Осигурување од незгода за движење во планина до 3000 мнв, согласно договорот што нашиот клуб го има склучено со осигурителна куќа. Ќе бидете осигурени од повреда, инвалидност и смрт при планинарење, како и за трошоците за спасување.

- Можност да ја користите планинарската опрема што ја поседува клубот,

- Попуст во продавниците за планинарска опрема, согласно договорот меѓу клубот и соодветната продавница,

- Попуст за ноќевања во планинарски домови

Доколку се одлучите да станете наш член најпрво теба да пополнете пристапница на клубот , консултирајте се на тел. 070-230-526 Ѓорѓи па после да уплатите за членарина.
Годишната членарина изнесува:

- за деца до 12 год група Клукајдрвче – 200 ден без осигурување
- за ученици и студенти до 24 год - 300 ден
- за останати - 500 ден.
Уплатата ја вршите на уплатница - ПП10.
Примач: ПСК Скопска црна гора – Скопје
Банка на примач: Комерцијална банка - Скопје
Жиро-сметка: 300 0000038215 45
Цел на дознака: Членарина за 2021
ПСК СЦГ

0 comments:

 

Pratete ne na Facebook!