About

Зима на Скопска Црна Гора 3/7

Panta rei, се тече, се се движи, се се менува. И, ете не дојдовме до крајот на годината. Иако се движиме по иста патека, сите ние, некој се сменил, а некој не. Оставаме се зад себе и се нека стои во старата година, таму му е местото на искуството со кое се здобивме во 2017 г. А во Новата Година, ќе го понесеме само она што го извлековме како ука, она позитивното. Со научена лекција од годината, како некој ат, следејќи ја Боки, “трчавме” кон Спирова колба, по патеката на Три чешми. Овој пат, никој за себе не носи закуска, туку Ѓорѓи, Злате, Срѓан, Боге, Здраве носеа закуска за сите, како за нас така и за гостите. А, останатите ги бодревме со насмевки. Само што се искачивме по патеката, видовме дим, чури оџакот на Спирова колиба. А таа пука, не пука од ништо друго, туку пука од топлина. Таму не чекаа Драгец, Тихо, Веле, Нолче,со топло чајче, греено вино, кафе, како почеток на Новогодишната забава. А, во белината околу Спирова Колиба, се слушна глас, глас на славеј. Тоа не е никој друг туку нашата драга Цаци. И, се запеа песна, се заигра оро, почна забавата. Песна, оро, кое не развесели и така весели не спушти повторно по патеката на Три Чешми. Благодарност до гостите, кои не разубавија со нивната ведрина и со вербата во нас. На крајот, сме подготвени за Новата Година, со предизвиците кои ги носи. Ние ги прифаќаме, а Вас останатите Ве очекуваме да дојдете со нас, да ги исрцтаме заедно. Секој различен, секој единствен, тоа е Убавината на ПСК Скопска Црна Гора. А, јас, драги мои, ќе речам, празници се ближат, а веќе за некому се дојдени, СРЕЌЕН БОЖИЌ 

текст-Слаѓана 
фото-Ѓорѓи

Зима на Скопска Црна Гора 2/7

Втора од седумте планинарски акции Зима на скопска овој пат искачување на врвот Пржар по Спирова патека. Дождливо и магловито утро ,впрочем како и цела измината недела, но тоа не не поколеба да се собереме во голем број и да се упатиме кон Спирова колиба и врвот Пржар.Како наближивме кај селото Бродец се отвори времето и се појави прекрасен видик кон Водно и крстот кој само тој ѕиркаше како да е на пуст остров сред морето од облаци. По кратка пауза во Бродец продолживме кон Спирова колиба , и веќе од далеку во воздухот се чуствуваше мирисот на топол планински чај припремен од вредните раце на нашите домаќинки.Овој пат имавме и греано вино за кое се погрижи спонзорот на оваа акција винарија Тиквеш. Со убаво друштво и со добро расположение времето брзо помина но тука не завршуваме. Наскоро организираме трета предновогодишна акција ЗИМА НА СКОПСКА. 
Фото-Ѓорѓи
Слики од турата

 

Pratete ne na Facebook!