25.04.2021 - Меморијален марш ЧИЧКО СПИРО МИТКОВ на падините на Скопска црна гора во организација на ПСК Скопска црна гора. И оваа година заради пандемијата со Ковид 19 маршот го организиравме во рамките на клубот без гости од други планинарски клубови.
Во рамките на маршот имавме три акции:
1.Акција за најмладите – децата членови
на Клукајдрвче - детска планинарска секција на нашиот клуб,
2.Акција за послабо спремни планинари
со старт од село Бродец до Спирова колиба,
3.Акција за спремни планинари со старт
од с.Љубанци , се движевме по патеката Костените го искачивме врвот Црн камен
1585 мнв од каде се спуштивме до Спирова колиба.
Сите планинари од трите акции се
собравме на Спирова колиба каде акцент имавме на најмладите клукајдрвчиња.
Имено најмладите планинари – децата, секое си засади по едно борово дрвце на
падините, ги испробаа реквизитите во детскиот парк а на крај добија скромни
подароци – книги и брошури од ФПСМ а ги додели нашиот драг колега планинар
Председателот на Високогорската комисија при ФПСМ Виктор Антовски.
Посебна пофалба за Драгутин Малиш кој го
осмисли и реализира детскиот парк со реквизитите и благодарност до донаторите.
Благодарност на сите учесници и подржувачи
на клубот.