Осоговска идила на убавиот
Лисец
Оставајќи го тмурниот ден во градот се упативме кон селото Псача во Општина Ранковце, околина на Крива Паланка. Уште при првиот чекор дождот ни излезе во пресрет и престана да врне а веќе на вториот километар од искачувањето не` поздрави утринското сонце. Опкружени со високи шуми и живописни глетки, уживавме чекорејќи по средно тешката патека. На врвот висок 1527 м.н.в. не` пречека светлото сонце придружено од убавите памучни облаци кои ги раздвижуваше слабиот ветер. Ја посетивме и црквата св. Злата Мегленска која се наоѓа на самиот врв. Сонцето не престана силно да свети па така и ние подолго се дружевме и уживавме на врвот. Придружени од ПД Куманово и Калин Камен по прекрасната тура се упативме во локалната коперација со што среќно ја завршивме дружбата за оваа недела.
Слики од турата

0 comments:
Post a Comment