Членови на ПСК СЦГ и членови на ПД Куманово, во друштво на неколку пријатели на клубовите, денес остварија тура од с.Малотино до врв Китка и назад до Пелинце. Прекрасен ден со оваа одлична екипа. Слики од турата
17.01.2016 г во ист ден уште една клубска тура на Скопска овојпат рекреативна.Неколку нови членови под водство на највозрасниот планинарски водич во Македонија чичко Спиро се движеа од с.Побожје по Спирова патека преку фармата на Илија до с.Бродец. По подолга пауза за да се касне нешто и напие се враќаат до с.Побожје по дел од традиционална патека.Сите задоволни од прекрасниот зимски снежен ден турата ја заврија со прашањето каде ќе биде следната тура.
Долга снежна тура на Скопска црна гора.Тргнавме од с.Љубанци движејки се по патеката Костените преку Црн камен до Спирова колиба ,а се вративме преку с.Бродец движејки се по дел од Манастирска патека 3 до с.Љубанци.Повеќе од 20 км изминати по снег на места вистинска зимска идила а на места снежна бура.Убаво поминат зимски снежен ден