About

Пелистер 2601 мнв

ПСК Скопска црна гора на ден 14.05.2017 г по прекрасно време со добра дружба го искачи врвот Пелистер 2601 мнв а на врќање прошетавме по Широк сокак и се освеживме со ладна бира и убаво кафе.

Слики од турата.

Врв Раса 1369 мнв

После убавата авантура во Полска малку на рекреативна тура на врв Раса. Турата беше средно тешка, но поради компактноста на групата сите успешно го искачивме врвот. Времето не беше во наша корист но и покрај тоа турата помина одлично.

Слики од турата

Високи Татри - Полска

Високи Татри – што да се каже освен едно прекрасно доживување со добро друштво. Да почнеме со ред.Скопје 17.30 поаѓање од транспортен центар.Се движиме кон Србија поминуваме граница и обавезно пауза во Предејане со вкусни лепињи со кајмак,плескавица со кајмак или чорба.Ноќно возење преку Белград не разденува во Унгарија.Ја поминуваме Будимпешта се движиме кон Словачка до првата дестинација Бањска Бистрица каде правиме пауза од 3 часа за разгледување на градот,шопинг во мол Европа,пиење кафе, пиво и ручек.околу 16 часот поаѓање кон Полска преку Татранска котлина и живописната Татранска јаворина до Глизаров горни каде и се сместивме. 30.04.2017година 8.00 ч договор со пл.водич Станислав од Полска околу искачувањето на Татрите.Од негова страна бевме предупредени дека има многу нов снег и има опасност од лавини за што се уверивме и на лице место .Старт на турата во 8.30 од местото Брзезини на 1000 мнв.Уште од старт снег.После изминати 7.5 км низ борова шума пристигнуваме до домот Муровањец на 1500 мнв каде правиме пауза од 30 мин.Тука не известуваат за три нови лавини баш на патеката за движење према врвот Свиница.Поаѓаме кон Црно езеро 1630 мнв каде после изминати 2.5 км со слаби врнежи од снег по тесна патека и доста снег стигнуваме кај езерото кое е целосно замрзнато и покриено со длабок снег.Тука ја прекинуваме турата заради лавините и после кратка пауза за сликање и уживање се враќаме кон домот.Од домот се симнуваме по друга патека кон градот Закопане.Вкупно поминати околу 19 км.Вечерта во хотелот домаќините не пречекаа со прекрасна вечера и направивме добра журка. Утрото на 1 мај тргнавме за назад со попатно застанување во Будимпешта каде уживавме во прекрасните погледи на градот од Цитаделата. Следниот пат сигурно сме на врвот. Благодарност до ТА СКОБУЛ-Скоје за успешно реализираната тура до Полска.

 

Pratete ne na Facebook!