About

ПСК СЦГ на врв Мусала 2925 мнв.

ПСК СЦГ на врв Мусала 2925 мнв



На 17.06.2016 г по собирање на групата кај транспортен центар во 7.00 часот тргнавме кон Боровец - Р.Бугарија .После 7.5 часа патување (граница ,пазарење во Лидл и попатни паузи) пристигавме во Боровец (1350 мнв).Ги спремивме ранците (малку потешки од вообичаено ) и тргнавме кон пл.дом Мусала 2389 мнв по патека која поминува покрај река низ густа борова шума .Без проблем се движевме кон домот и веќе по изминати околу 9 км во 19 ч бевме во домот од каде имаше прекрасен поглед на врвот Мусала.


18.06.2016 г во 8.00 ч тргнавме да го искачиме врвот.Попатно направивме кратка пауза во пл.дом Ледничко езеро и продолживме кон врвот каде веќе во10,30 ч сите бевме горе.Сите среќни и радосни од остварување на заедничката цел .Времето беше прекрасно па така се задржавме подолго на врвот.Морам да напоменам дека најмладиот член од клубот кој го искачи врвот Слаѓан има 16 г и ова му беше роденденско искачување на највисокиот врв на Балканот.После симнувањето од врвот денот ни беше резервиран за уживање во прекрасната природа а вечерта за журка во домот за која се погрижи DJ Коста .

19.06.2016 ч во 8.00 ч веќе спремни тргнавме назад кон Боровец но овојпат по друга патека од кај жичарата и ски лифтовите и веќе во11.00 ч бевме во Боровец од каде тргнавме кон Софија на шопинг во Декатлон и парадизо мол.Во каните вечерни часови пристигнавме во Скопје сите среќни и весели од нашиот успех.

Настанот го ставивме минатата година во програмата за 2016 г овој викенд и го остваривме.Од 17.06.2016 до 19.06.2016 година 18 членови на клубот и 2 клубски пријатели престојувавме на планината Рила со единствена цел да го искачиме врвот Мусала 2925 мнв.
Организација и фото -Ѓорѓи Петровски

 

Pratete ne na Facebook!