About

Четврт традиционален планинарски поход на ПСК Скопска Црна Гора под мотото - УБАВИНИТЕ НА СКОПСКА













П О К А Н А

Почитувани,
Планинарско спортскиот клуб Скопска Црна Гора – Скопје со голема чест и задоволство Ве поканува на четвртиот по ред Традиционален планинарски поход на Скопска Црна Гора

”УБАВИНИТЕ НА СКОПСКА”

Настанот ќе се одржи на ден 17. 04. 2016 година (недела). Точното време на поаѓање и останатото детално инфо за настанот е објавено во официјалната програма во продолжение.

Искрено се надеваме на вашето присуство, со кое ќе укажете на својата поддршка на планинарењето и промовирањето на планинарската свест кај помладата популација.
 
Со почит,
Извршен одбор на ПСК Скопска Црна Гора


ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ

За сите учесници задолжително е пријавување на следниот мејл prijava@pskscg.mk  најдоцна до 14.04.2016 година, каде треба да го назначите следново: Име и презиме, за кој поход се пријавувате (спортско планинарски поход или рекреативен планинарски поход).

За секој учесник се наплатува по 150,00 ден. учесничка такса во која е вклучен превоз на учесникот во два правци и ручек (гравче). Се повикува секој учесник да понесе сопствен прибор за јадење.

Се повикуваат планинарските клубови да пријават список со број на учесници на горенаведениот мејл.


Место на поаѓање за двата походи е Пошта 2, кај новата железничка станица.

Време на поаѓање за спортско планинарски поход:

пријавување по списоци 7.00 - 7.30ч.
поаѓање на автобуси 7.30ч до с. Побожје
планирано време на враќање 18.00ч. во Скопје

Време на поаѓање за рекреативен планинарски поход:

пријавување по списоци 8.00 - 8.30ч.
поаѓање на автобуси 8.30ч. до с. Бродец
планирано време на враќање 18.00ч. во Скопје



Во продолжение детално инфо за секој поход поединечно.


СПОРТСКО ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД

с. Побожје - патека Каблите - месност Рамно - врв Пржар 1626 мнв - Спирова колиба 1490 мнв - Спирова патека - с.Бродец - с.Побожје

Тргнување од с. Побожје: 8.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување на врв Пржар : 12.00ч
Поаѓање од с.Побожје за Скопје : 17.30ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова железничка): 18.00ч.

Инфо околу патеката и упатства за учесниците

Патеката е долга 20км. Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во походот, односно да биде пренасочен на рекреативниот поход.

Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.

Задолжително да се почитуваат водичите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич). Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои амблем на клубот.

- исхрана: ручек од организаторот, гравче (секој учесник носи свој прибор за јадење)
- дополнителни потреби од ранец, секој самостојно
- планирано време за походот 8 часа
- време на активно движење 6 часа
- активно време на искачување 4 часа
- активно време на спуштање 2 часа
- разлика во денивелација 1026 мнв
- почетна позиција 600 мнв
- највисока позиција 1626 мнв

Водичи: Ѓорѓи Петровски и Дарко Трајковски
Контакт: Ѓорѓи Петровски (070 230 526)
Дарко Трајковски (076 274 742)

РЕКРЕАТИВЕН ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД

с. Бродец - Спирова колиба - с.Бродец

Тргнување од с. Бродец: 9.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување кај Спирова колиба: 12.00ч.
Поаѓање од с.Бродец : 17.00ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова железничка): 18.00ч.

Инфо околу патеката

Патеката е долга 8 км. Наменета е за деца и за возрасни кои имаат почетна физичка кондиција. Според тоа, одбрана е лесна и прегледна патека, без стрмни угорнини. За малолетни учесници (под 14 години) задолжително е присуство на родител.
Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во походот.

Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.

Задолжително да се почитуваат водичите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич). Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои амблем на клубот.

- исхрана: ручек од организаторот, гравче (секој учесник носи свој прибор за јадење)
- дополнителни потреби од ранец, секој самостојно           
- планирано време за походот 7 часа
- време на активно движење 5 часа
- активно време на искачување 3 часа
- активно време на спуштање 2 часа
- разлика во денивелација 510 мнв
- почетна позиција 980 мнв
- највисока позиција 1490 мнв

Водичи: Драгутин Малиш и Коста Шимбов
Контакт: Драгутин Малиш (070 870 723)
Коста Шимбов (075 544 020)
Генерални упатства:


Секој поход има свои водичи од почеток до крај на турата. Секој кој смета дека е физички кондиционо подготвен и има намера да се издвои од групата, сам ќе ги сноси последиците од евентуалните повреди настанати поради не придржување до советите и ритамот на движење наметнат од водичите.

За детални општи и конкретни информации, слободно обратете се на некој од долунаведените лица, кои се официјални преставници на клубот:

- Ѓорѓи Петровски 070 230 526
- Дарко Трајковски 076 274 742
- Драгутин Малиш 070 870 723
- Коста Шимбов 075 544 020


Веб страна на Клубот

ФБ страна на Клубот





Со почит,
Планинарско спортски клуб
Скопска Црна Гора
Скопје


Претседател
Ѓорѓи Петровски




 

Pratete ne na Facebook!