About

Упис на нови членови за 2017

ПСК Скопска црна гора врши упис на нови членови во клубот. Член на клубот може да биде секој граѓанин на Р.Македонија, љубител на природата и планината. Нашиот клуб е член на ФПСМ а во склоп на нашиот клуб имаме лиценцирани водичи за водење во планина и се организираат предавања и практична настава со што новите членови можат да се стекнат со нови знаења.
Доколку сте за членство во планинарски клуб вашиот избор нека биде ПСК Скоска црна гора.
Контакт телефон 070-230-526 Ѓорѓи
Поздрав

Зимско искачување на Скопска Црна Гора

Прва клубска тура во Новата 2017 г на Скопска црна гора. Се искачивме на Спирова колиба и уживавме во глетката природата над Скопската котлина.


Рекреативна тура на Матка

Поради желбата на учесниците на акцијата, на 25,12,2016 направивме рекреативна тура со посета на манастирите во близина на хидроцентралата Матка. Турата ја започнавме во раните утрински часови од Транспорент центар, каде групата која доаѓаше со автобуси се собра. По стигнувањето со автобусот  на последна 60, се упативме прво кој Св. Спас, каде застанавме на кратка пауза да направиме неколку фотографии и да го разгледаме манастирот, потоа се упативме кон Св. Недела каде имавме поголем одмор за ужинка и за релаксација во природните убавини на кањонот Матка.

Планинарска акција на Цави ливади



ПСК СЦГ организира планинарска тура на Скопска црна гора со искачување до месноста Цареви ливади 1500 мнв. Турата се одржа на ден 11.12.2016
Стартна позиција капија на рудник Бањани се оди до манастирот Св.Ѓорѓија а од тука се продолжува до Цареви ливади. Вкупна должина на патеката околу 16 км. Турата е средно тешка и е наменета за подготвени планинари. Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, капа, ракавици и зимска јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи а во зависност од временските услови поголема пауза на Цареви ливади.

ПСК СЦГ на врв Мусала 2925 мнв.

ПСК СЦГ на врв Мусала 2925 мнв



На 17.06.2016 г по собирање на групата кај транспортен центар во 7.00 часот тргнавме кон Боровец - Р.Бугарија .После 7.5 часа патување (граница ,пазарење во Лидл и попатни паузи) пристигавме во Боровец (1350 мнв).Ги спремивме ранците (малку потешки од вообичаено ) и тргнавме кон пл.дом Мусала 2389 мнв по патека која поминува покрај река низ густа борова шума .Без проблем се движевме кон домот и веќе по изминати околу 9 км во 19 ч бевме во домот од каде имаше прекрасен поглед на врвот Мусала.


18.06.2016 г во 8.00 ч тргнавме да го искачиме врвот.Попатно направивме кратка пауза во пл.дом Ледничко езеро и продолживме кон врвот каде веќе во10,30 ч сите бевме горе.Сите среќни и радосни од остварување на заедничката цел .Времето беше прекрасно па така се задржавме подолго на врвот.Морам да напоменам дека најмладиот член од клубот кој го искачи врвот Слаѓан има 16 г и ова му беше роденденско искачување на највисокиот врв на Балканот.После симнувањето од врвот денот ни беше резервиран за уживање во прекрасната природа а вечерта за журка во домот за која се погрижи DJ Коста .

19.06.2016 ч во 8.00 ч веќе спремни тргнавме назад кон Боровец но овојпат по друга патека од кај жичарата и ски лифтовите и веќе во11.00 ч бевме во Боровец од каде тргнавме кон Софија на шопинг во Декатлон и парадизо мол.Во каните вечерни часови пристигнавме во Скопје сите среќни и весели од нашиот успех.

Настанот го ставивме минатата година во програмата за 2016 г овој викенд и го остваривме.Од 17.06.2016 до 19.06.2016 година 18 членови на клубот и 2 клубски пријатели престојувавме на планината Рила со единствена цел да го искачиме врвот Мусала 2925 мнв.
Организација и фото -Ѓорѓи Петровски

Најава тура на Скопска Црна Гора на 22.05.2016 г.

ПСК СЦГ организира планинарска тура Скопска црна гора на 22.05.2016 г.

Стартна позиција с.Љубанци - рибник се оди преку Љубанска чука до Спирова колиба.
Вкупна денивелација околу 850 м.
До с.Љубанци се оди со автобус бр.47 тргнува од транспортен центар во 7.10 часот. Вракање со истиот автобус во попладневните часови.
До с.Љубанци - рибник може да се дојде и со сопствен превоз, старт на турата е 8.00 часот.
Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза во зависност од временските услови.

Контакт телефон Драгец 070 870 723

Поздрав ПСК СЦГ

Корабски водопад 2016


На ден 15.05.2016 г членови на клубот заедно со неколку пријатели на клубот се искачивме до Корабски водопад .Прекрасна долга тура минувајки низ прекрасна густа и висока букова шума најпрво се искачивме до видиковец од каде има прекрасен поглед на Корабски водопад ,неколку членови се искачија до врвот Рибничка скала, неколку члена останаа на видиковец а повеќето се упатија до водопадот.Во вечерните часови се                                                                                                           вративме до стартната позиција  каде го прославивме роденденот на Лидија со прекрасна торта.Се на се прекрасно поминат ден во планина.

Слики од турата

Меденица 2163 мнв

Прекрасен сончев ден на Бистра идеален за планинарење. 22 членови и пријатели на клубот направивме прекрасна тура од Галичник до врвот Меденица 2163 мнв а попатно неколку членови и до Говедарник.

Слики од туратa

 

Pratete ne na Facebook!