About

Меморијален марш ЧИЧКО СПИРО МИТКОВ - 25.04.2021



25.04.2021 - Меморијален марш ЧИЧКО СПИРО МИТКОВ на падините на Скопска црна гора во организација на ПСК Скопска црна гораИ оваа година заради пандемијата со Ковид 19 маршот го организиравме во рамките на клубот без гости од други планинарски клубови.

 

Во рамките на маршот имавме три акции:

 

1.Акција за најмладите – децата членови на Клукајдрвче - детска планинарска секција на нашиот клуб,

 

2.Акција за послабо спремни планинари со старт од село Бродец до Спирова колиба,

 

3.Акција за спремни планинари со старт од с.Љубанци , се движевме по патеката Костените го искачивме врвот Црн камен 1585 мнв од каде се спуштивме до Спирова колиба.

 

Сите планинари од трите акции се собравме на Спирова колиба каде акцент имавме на најмладите клукајдрвчиња. Имено најмладите планинари – децата, секое си засади по едно борово дрвце на падините, ги испробаа реквизитите во детскиот парк а на крај добија скромни подароци – книги и брошури од ФПСМ а ги додели нашиот драг колега планинар Председателот на Високогорската комисија при ФПСМ Виктор Антовски.

 

Посебна пофалба за Драгутин Малиш кој го осмисли и реализира детскиот парк со реквизитите и благодарност до донаторите.

 

Благодарност на сите учесници и подржувачи на клубот.

Слики од турата

Месност Душановац - Скопска црна гора

Бесна кобила 1923 мнв-Р.Србија

ПСК Скоска црна гора на Бесна кобила 1923 мнв - Р.Србија.












Тргнавме бесни. Кој од кој побесен и секој си знае од што.
Така збеснати, дојде делот од патот кај што те заузудваат, граница J А, таму не знаеш што повеќе те зауздува, дали времето, дали граничарите 
Сега кога веќе, поминавме од другата страна, кротко, скротени, пристигнавме на Бесна Кобила .
Ете не сите нас, пред домаќините на планинарскиот дом Бесна Колиба. А, тие вчудоневидени од бројоноста на гостите, кои дошле да ја скротат Бесната Колиба. Го растоваривме самарот, ја ставивме опремата на нас и повторно спремни за беснеење.
Но овој пат почнавме со кротки чекори, еден позади друг. Де лево, де десно, де кроток чекор. Бесната кобила си го направила своето, ги покрила своите траги. Домаќините I love hiking како добри трагачи, ги открија трагите на Бесната кобила. А, на нас, останатите, ги следевме се онаму до Врвот Бесна кобила.
Но, на врвот не е само Бесната кобила, туку и северко беснее.. Па токму он повторно не скротува и не седнува на северо -источната страна на врвот, на починка.
А, за надолу, се однесуваш токму онаму , каде што си. Бесни сединки по снежните килими, бесни лизгање, бесни смеи, а и бесни санки.
Изморени, ослободени од бесот, кој што го чувствуваме пред да ја освоиме Бесна колиба, отидовме на бања.
Убаво испешачени, измиени, избањати, најадени, со песна по пат, се вративме дома.

Зима на Скопска 5/7

Дел од 5тата акција од проектот "Зима на Скопска".
Слики од турата.

Зима на Скопска 4/7

Цареви Ливади, Ајдучка Чешма – Скопска Црна Гора 21.01.2018 г. Како што му доликува на овој ден, Богојавление, во новото Лето Господово, тргнавме од с.Побожје кон Цареви Ливади 1550 мнв. Го следевме жуборот на водата, кој не однесе до манастирот Св.Архангел Михаил. А, одтука повидок од белина, снежна белина, која ја зголелува својата наметка како што чекориш угоре накај Цареви Ливади. Чекор, снегулка, насмевка, и се така, натака до Ајдучка чешма. И, тука застанавме, како планинари ајдуци, кои сакаат да одат онаму каде што царот одел пешки. Па, така велат народните преданија, дека царот одел само пешки кога уживал во бескрајните убавини. Но, овој пат, царот си ги заштитил своите ливади со непробивна снежна наметка, чувајќи ги само за себе. Се покоривме на желбата на царот, па си починавме на ајдучка чешма, во колибката на некогашното бачило, додека ветерот си ја одсвируваше својата мелодија. За назад, немаше само чекор, снегулка, насмевка, туку и снежни акробации, а за тоа си знаат само присутните акробати. И, денот си заврши како од сказна испишан. Волшебен нели ? Тогаш дојдете со нас на 5/7 од Зима на Скопска, да ги создадеме заедно планиснките волшебства далеку од сивата реалност. Слаѓана

Василица на Спирова колиба 14.01.2018

ПСК СЦГ клубски на василица кршевме лепче со паричка во планинарската куќа на Скопска.Кумата Еленче Петроска ни спреми прекрсни лепчиња на која многу и благодарме да е жива здрава и берикетна. Новиот кум за оваа година е Ристе Рендески на кој му посакуваме здравје , среќа и берикет оваа година.
Слики од турата

Врв Антени 2550 и Бакрдан 2704- Шар планина.

17/20 до Антени 2550 мнв, 3/20 до Бакрдан 2704 мнв – Шар Планина
Ја започнавме годината од бедемот на севорозападот – Шар Планина. 
А, за неа нема што да се рече, што да се пишува, се е раскажано, се е запишано. 
И, во новата година е ошарена од планинари, секој тргнат на одредената цел. Некој на Титов Врв, некој на Плат, а ние на Антени и Бакрдан.
Тргнавме од долината на насмевките – Попова Шапка, таму каде што се раѓаат насмевките на детските лица, додека се санкаат на санки.
Со зраците на изгрејсонцето, ја искачивме белината на Церипашина, која трпеливо ги чекаше првите сноубордери.
Но, кој лека полека, кој ита, кој брза, кој подоцна, кој порано, стигнавме до Антени. А, оние бестрашните, отидоа до Бакрдан, одговарајќи на предизвикот кој гордо стои пред кулата на Титов Врв.
Тоа што не испрати на поаѓање, тоа и не дочека на враќање, рој насмевки.
Ошарени од насмевки, си зедовме и ние по една насмевка од Шара, која ќе не прати до следно планинско видување.
Слаѓана

Слики од турата

Зима на Скопска Црна Гора 3/7

Panta rei, се тече, се се движи, се се менува. И, ете не дојдовме до крајот на годината. Иако се движиме по иста патека, сите ние, некој се сменил, а некој не. Оставаме се зад себе и се нека стои во старата година, таму му е местото на искуството со кое се здобивме во 2017 г. А во Новата Година, ќе го понесеме само она што го извлековме како ука, она позитивното. Со научена лекција од годината, како некој ат, следејќи ја Боки, “трчавме” кон Спирова колба, по патеката на Три чешми. Овој пат, никој за себе не носи закуска, туку Ѓорѓи, Злате, Срѓан, Боге, Здраве носеа закуска за сите, како за нас така и за гостите. А, останатите ги бодревме со насмевки. Само што се искачивме по патеката, видовме дим, чури оџакот на Спирова колиба. А таа пука, не пука од ништо друго, туку пука од топлина. Таму не чекаа Драгец, Тихо, Веле, Нолче,со топло чајче, греено вино, кафе, како почеток на Новогодишната забава. А, во белината околу Спирова Колиба, се слушна глас, глас на славеј. Тоа не е никој друг туку нашата драга Цаци. И, се запеа песна, се заигра оро, почна забавата. Песна, оро, кое не развесели и така весели не спушти повторно по патеката на Три Чешми. Благодарност до гостите, кои не разубавија со нивната ведрина и со вербата во нас. На крајот, сме подготвени за Новата Година, со предизвиците кои ги носи. Ние ги прифаќаме, а Вас останатите Ве очекуваме да дојдете со нас, да ги исрцтаме заедно. Секој различен, секој единствен, тоа е Убавината на ПСК Скопска Црна Гора. А, јас, драги мои, ќе речам, празници се ближат, а веќе за некому се дојдени, СРЕЌЕН БОЖИЌ 

текст-Слаѓана 
фото-Ѓорѓи

 

Pratete ne na Facebook!