About

Зима на Скопска 4/7

Цареви Ливади, Ајдучка Чешма – Скопска Црна Гора 21.01.2018 г. Како што му доликува на овој ден, Богојавление, во новото Лето Господово, тргнавме од с.Побожје кон Цареви Ливади 1550 мнв. Го следевме жуборот на водата, кој не однесе до манастирот Св.Архангел Михаил. А, одтука повидок од белина, снежна белина, која ја зголелува својата наметка како што чекориш угоре накај Цареви Ливади. Чекор, снегулка, насмевка, и се така, натака до Ајдучка чешма. И, тука застанавме, како планинари ајдуци, кои сакаат да одат онаму каде што царот одел пешки. Па, така велат народните преданија, дека царот одел само пешки кога уживал во бескрајните убавини. Но, овој пат, царот си ги заштитил своите ливади со непробивна снежна наметка, чувајќи ги само за себе. Се покоривме на желбата на царот, па си починавме на ајдучка чешма, во колибката на некогашното бачило, додека ветерот си ја одсвируваше својата мелодија. За назад, немаше само чекор, снегулка, насмевка, туку и снежни акробации, а за тоа си знаат само присутните акробати. И, денот си заврши како од сказна испишан. Волшебен нели ? Тогаш дојдете со нас на 5/7 од Зима на Скопска, да ги создадеме заедно планиснките волшебства далеку од сивата реалност. Слаѓана


0 comments:

 

Pratete ne na Facebook!