About

Бесна кобила 1923 мнв-Р.Србија

ПСК Скоска црна гора на Бесна кобила 1923 мнв - Р.Србија.












Тргнавме бесни. Кој од кој побесен и секој си знае од што.
Така збеснати, дојде делот од патот кај што те заузудваат, граница J А, таму не знаеш што повеќе те зауздува, дали времето, дали граничарите 
Сега кога веќе, поминавме од другата страна, кротко, скротени, пристигнавме на Бесна Кобила .
Ете не сите нас, пред домаќините на планинарскиот дом Бесна Колиба. А, тие вчудоневидени од бројоноста на гостите, кои дошле да ја скротат Бесната Колиба. Го растоваривме самарот, ја ставивме опремата на нас и повторно спремни за беснеење.
Но овој пат почнавме со кротки чекори, еден позади друг. Де лево, де десно, де кроток чекор. Бесната кобила си го направила своето, ги покрила своите траги. Домаќините I love hiking како добри трагачи, ги открија трагите на Бесната кобила. А, на нас, останатите, ги следевме се онаму до Врвот Бесна кобила.
Но, на врвот не е само Бесната кобила, туку и северко беснее.. Па токму он повторно не скротува и не седнува на северо -источната страна на врвот, на починка.
А, за надолу, се однесуваш токму онаму , каде што си. Бесни сединки по снежните килими, бесни лизгање, бесни смеи, а и бесни санки.
Изморени, ослободени од бесот, кој што го чувствуваме пред да ја освоиме Бесна колиба, отидовме на бања.
Убаво испешачени, измиени, избањати, најадени, со песна по пат, се вративме дома.

0 comments:

 

Pratete ne na Facebook!